ПЛАЗМА АПАРАТ ЗАВАРУВА, СЕЧЕ, ЛЕМИ....
3500
Copyright Multiplaz.MK
Еколошка технологија
Гордост на Мултиплаз тимот е еколошката чистота при сите операции на работа. Ова беше недостижно за температурните обработки пред Мултиплаз системите. Мултиплаз равојните инжењери со единствениот технолошки процес на користење на вода достигнаа нови еколошки стандарди при заварувањето, сечењето и лемењето. Со користење на обична вода од славина како основен работен флуид, како и со дизајнот на пиштолот каде се создава плазма од водата, сечењето и заварувањето со плазма технологијата конечно станаа и безбедни и чисти процеси. Загревањето и топлинската обработка на материјалите конечно се одвива без издувни и штетни гасови кои вообичаено се нуз производ на застарените технологии. Испарувањата кои излегуваат од млазниците покрај плазмата создаваат заштитен слој кој го штити материјалот кој се сече или заварува од оксидирачкото влијание на воздухот, ги спречува штетните и отровни испарувања, вклучително и екстремно опасниот азотен оксид. Заштитните испарувања го покриваат и со тоа и обезбедуват целиот работен простор и површината на обработуваниот метал како термички така и од влијанието на различни честички и прашина кои сигурно ги има во воздухот. Овие заштитни испарувања воедно го штитат и операторот на тој начин што ги собираат сите честички кои евентуално би можеле да го загрозат здравјето со нивно вдишување. Пареата кондензира и со тоа ги собира честичките и спречува емисија на штетни хемиски компоненти кои во допир со загреаната работна површина би испариле и би можеле штетно да влијаат на околината. При работа Мултиплаз 3500 воопшто не ја загадува средината и тоа е една од главните причини за неговата одлична применливост во затворени и простории со слаба вентилација, машински одделенија, затворени работни простории, складишта, подземни инсталации, гаражи итн. Бучавата при користење на Мултиплаз 3500 системот е секогаш на исклучително ниско ниво и во рамките на минимално дозволените граници за ваков вид на професионален алат. Исклучително тивката работа е секогаш изненадувачки пријатно сознание кај голем број на професионалци за работа со плазма системи.