ПЛАЗМА АПАРАТ ЗАВАРУВА, СЕЧЕ, ЛЕМИ....
3500
Copyright Multiplaz.MK
Преносливост, едноставност и доверливост
Мултиплаз 3500 е компактен систем кој може да се спакува во торба која е практична и може лесно да се носи било каде. Тежината и димензиите на овој уред се единствени. Види Спецификации Едноставноста на користење на Мултиплаз 3500 овозможува и почетниците лесно да ги совладаат техниките на плазма сечење, заварувањето и лемењето на различни метали. Професионалците веќе после неколку минути на работа со Мултиплаз 3500 ќе ги согледаат вредноста и посебноста на овој алат. Мултиплаз 3500 нема потреба од компресори, боци со гас и лесно се пренесува до било која локација. Види Економичност Користењето на Мултиплаз 3500 за заварување и сечење нема ризик од запаливи гасови, кои се потребни кај другите типови на слична опрема. При користење на Мултиплаз 3500 како апарат за електро-лачно заварување е доволна едно-фазна инсталација со моќност до 3,5 kW за разлика од сличната опрема каде морате да користите тро-фазен извор на струја. Потребен е само обичен домашен (шуко) приклучок на 222 V и веќе можете да започнете со работа.. Како функционира Мултиплаз 3500 - плазматрон апаратот: Пиштолот кој има сопствен резервоар се полни со работна течност (вода или смеша вода/алкохол), се вклучува апаратот , и со притискање на ON копчето се става под електричен напон катодата во пиштолот, во моментот кога корисникот со притискање и отпуштање на копчето од пиштолот се создава електричен лак помегу анодата и катодата во телото на пиштолот. Енергијата на електричниот лак го загрева млазникот од пиштолот, со што се загрева испарувачот, што предизвикува работната течност во пиштолот да се загрее и претвори во пареа. Пареата излегува низ млазницата со притисок во зависност од јачината на струјата (0.4-1.2 bar). Излегувајќи низ млазницата, пареата го компримира електричниот лак во пиштолот. Електричниот лак при тоа ја зголемува температурата (иста струја тече низ многу помал напречен пресек на лакот). Вака компримиран електричен лак ја загрева пареата до степен да преминува во плазма (се постигнува јонизирачка температура).